На Пике му дојде преку глава од дезинформации па ја објави платата која што ја зема од Барселона (ФОТО)

Џерард Пике се одлучи на несекојдневен чекор и ја објави платата која што ја примил по првиот дел од сезоната од Барселона.

Дефанзивецот на овој тим се одлучи на ваков чекор откако новинарот Луис Канут изјави дека добил ексклузивна листа од платите на фудбалерите на овој ти и дека Пике бил убедливо на врвот, а своевремено не ни сакал да ја намали платата кога се правеше новиот договор на Меси.

„Карактери како него ги полнат гледачите на телевзијата со големи лаги само за да се покажат. Еве 50 посто од мојата плата која легна на 30-ти декември. Имајте почит малку“ напиша Пике на својот Твитер профил.

- Оглас -

Најнови вести