На почетокот на сезоната беше еден од најдобрите во Манчестер сити а сега доби шут-карта

Илкај Гундоган на почетокот од оваа сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, но на лето ќе добие шут-карта.

Германецот кој што има договор до јуни 2023, бил на состанок со раководството на тимот и најверојатно за симболична сума ќе биде продаден летово.

Според некои информации, неговиот агент бил виден во Мадрид, но сè уште е нејасно дали ќе потпише за некој од Реал или Атлетико, или е преговарано со некој сосема трет тим.

Гундоган во Манчестер пристигна во 2016 година од Борусија Дортмунд, а во оваа сезона има учинок од шест гола и четири асистенции во Премиер лигата и тоа најголемиот дел од нив се на почетокот од оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести