На помалку од 17 часа до финалето Аргентина и Франција се апсолутно израмнети (Фото)

Аргентина и Франција од 16 часот утре ќе го играат големото мундијалско финале за Златната божица, а во многу работи двете репрезентации се апсолутно израмнети.

И Аргентинците и Французите имаат по две светски круни, двајцата главни играчи, Лео Меси и Килијан Мбапе се на врвот на листата со најдобри стрелци со по пет гола, а од денеска и според коефициентите се со исти шанси за победа.

Sport Life кога веќе се знаеше дека Аргентина и Франција ќе играат во финалето, мала предност им даваше на Триколорите, кои се актуелни светски прваци.

Квотата за победа на Франција беше 2.75, а за Аргентина 2.85, но на нешто повеќе од 17 часа до стартот на финалниот меч коефициентите се израмнети на 2.85 за триумф на било која од двете репрезентации.

Исти им се и коефициентите за двознак, по 1.43 и за полувреме-крај, па Х-1 и Х-2 се со квоти од по 6.25, за 1-1 и 2-2 по 4.95, за 2-1 и 1-2 по 43 и за 1-Х и 2-Х по 18.8.

 

- Оглас -

Најнови вести