На повидок е нерешен резултат на меч од шпанското првенство

1007 Брајтон – Манчестер сити (18.30 часот)

Ако се погледне табелата, ова е дерби на Премиерлигата, бидејќи Брајтон е четврти, а Сити е трети. Ова се два од трите тима со најмалку примени голови после осум кола. Брајтон има серија од три нерешени резултати по ред, на сите три меча паѓаа 0-2 гола. Граѓаните имаат дадено двојно повеќе голови (16-8) од Брајтон, а и како актуелни шампиони, тие се фаворити на хартија. Кај домашните ќе го нема Велбек, а кај гостите повреден е Феран Торес. Во минатата сезона, тоа беше во мај, Брајтон дома го совлада Сити со 3-2, и сега на „Емекс“ има серија од три меѓусебни дуели по ред со 5+ голови.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.05)

 

3005 Болоња – Милан (20.45 часот)

Сите показатели се на страна на Милан, но смее ли однапред да се отпише тим кој пред две кола го разби Лацио со 3-0? Милан има прилично долга листа на повредени, на неа се и важни поединци како Ребиќ, Тео Ернандес, Брахим Дијас, Флоренци, Маињан. Сепак, здрав е Ибрахимовиќ, а и поучени од искуството од дуелот со Верона, Росонерите би требало да се потрудат овојпат први да поведат. Милан загуби од Порто во ЛШ пред неколку дена и не е во добро расположение, па гостувањето кај Болоња каде не загубиле 19 години, им е идеална шанса за триумф.

Предлог тип: 2 пдг (1.78)

 

1305 Атлетик Билбао – Вилјареал (21.00 часот)

Ова е дуел на два цврсти тима кои ретко даваат, а уште поретко примаат голови. И Лавовите од Баскија и Жолтата подморница имаат многу нерешени резултати сезонава. Проблем за гостите е заморот, играа во ЛШ против Јанг бојс на кого му дадоа четири гола, додека Атлетик нема играно уште од 1 октомври, и не се во натпреварувачки ритам. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи заврши со ист резултат, 1-1. Три или повеќе голови на нивен меѓусебен дуел последен пат имало во 2018 година.

Предлог тип: Х (3.10)

 

1816 Шалке 04 – Динамо Дрезден (20.30 часот)

Шалке е голем фаворит, и тим кој е во многу подобра форма од гостите. Чурлинов и другарите имаат серија од три победи по ред и тоа сите чисти, без примен гол, додека екипата од источна Германија е во пад, и има четири порази во последните пет кола. Овие два клуба последен пат се сретнале во 2014 година во купот на Германија, па традицијата на меѓусебните дуели ништо не значи, но треба да се знае дека Динамо никогаш не победил во Гелзенкирхен.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)

 

1538 Тондела – Порто (19.00 часот)

Порто кој се бори за титула и во моментов има еден бод помалку од лидерот Бенфика, гостува кај интересен тим кој сезонава на осум меча, уште нема играно нерешено. Тондела славеше победи во претходните две кола, и тоа им помогна да побегнат од дното, и сега се во средина на табелата. Проблем на Тондела е одбраната, а Порто има ефикасен напад и често дава два или повеќе голови. Во април, Порто на гости кај Тондела победи со 2-0.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести