Неделата беше среќна за играчите од Тетово и од Кочани бидејќи тикетите само со по шест меча излегоа како добитни, а добивките се бројат во илјадници евра.
Во Тетово на тикет со шест меча беа вложени 500 денари, а добивката е неверојатна – 844.054 денари нето или малку повеќе од 14.000 евра. Шесте меча беа одиграни на иста игра – домашните екипи да постигнат најмалку по два гола во првото полувреме, а квотите се движеа помеѓу 2.90 и 5.50.
И во Кочани беа одиграни само шест меча, а добивката со влог од 200 денари изнесуваше 200.891 денари нето. Три меча беа одиграни исто како и во Тетово, домашните екипи да постигнат најмалку по два гола во првото полувреме, а на еден натпревар се бараа најмалку два гола за гостите во првиот дел. На останатите два меча се чекаше најмалку по пет гола на натпревари од ниските лиги во Турција.
Погодените квоти во Кочани беа помеѓу 2.55 и 3.85.



