На повидок е скандал во Јужна Америка – Бока јуниорс со дресови ги „купила“ судиите (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалски великан Бока јуниорс се наоѓа под истрага од страна на Коменбол откако полицијата од Боливија откри дека тимот им „подарил“ дресови на судиите.

Бока играше на гостински терен против Олуејс реди и победи со 0:1 во меч од четвртото коло од Копа Либертадорес, а голот беше дело на Едуардо Салвио од пенал.

Домашниот тим подоцна остана и со играч помалку, а во текот на целата средба имаа забелешки кон главниот судија Кевин Ортега, којшто исто така е од Аргентина. По крајот на средбата, полицијата на дојава од анонимец влезе во соблекувалната на судиите и ги пронајде дресовите.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на Коменбол и дали ќе има некакви казни за лицата задолжени за делегирање на судиите бидејќи вистинска реткост е да се додели судија да дели правда на тим од својата држава.

Со оваа победа, аргентинскиот великан има шест бодови, со што е на второто место во групата Е. Напред е Коринтијанс со седум, додека Депортиво Кали има пет, односно Олвејс реди е со четири бода на две кола до крајот на групната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести