На Рамос ќе му се исполни желбата, се враќа во матичниот клуб по 18 години

На Серхио Рамос откако му заврши договорот со ПСЖ, тој е слободен играч. Тој долго тактизираше и ги држеше на чекање понудите од Ал-Итихад, Интер Мајами, но и клубови од Турција. Рамос постојано изјавуваше дека неговата желба е да се врати во матичниот клуб Севиља и таму да ја заврши кариерата.

Неговите желби не наидуваа на позитивен одговор од раководството на клубот, кој летово западна во големи финансиски проблеми, но веројатно во последен момент се случи пресврт. Како што објавува експертот за трансфер, Фабрицио Романо, договорот помеѓу Севиља и Рамос е постигнат и сега се очекува само официјалната промоција.

Серхио Рамос ја мина академијата на Севиља и во сезоната 2004/2005 дебитираше за првата екипата на клубот од Андалузија, а веднаш потоа премина во Реал Мадрид, каде што стана вистинска легенда, пред да се пресели во ПСЖ во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести