На Роналдо му треба само еден и ќе влезе во историјата на ЕП

Кристијано Роналдо ќе биде посебно мотивиран на дуелот против Украина затоа што може да постави еден важен рекорд на Европските првенства. Кога пред пет години Роналдо погоди против Велс на ЕП 2016 година, го израмни рекордот на легендарниот Мишел Платини по бројот на постигнати погодоци на континенталните собири.

Двајцата имаат по девет гола на ЕП, а Роналдо денеска ќе се обиде да избие сам на вечната листа со двоцифрен број погодоци. Платини сите девет гола ги даде на ЕП 1984 година во Франција, додека Роналдо погодуваше на последните четири првенства (2004, 2008, 2012 и 2016 година).

Освен што ќе го брка рекордот по бројот на голови, Роналдо со самиот настап против Унгарија ќе постави рекорд затоа што ќе биде првиот фудбалер кој заиграл на пет континентални собири.

 

- Оглас -

Најнови вести