На руски лизгач и олимписки шампион му се ампутирани стапалата на двете нозе

На олимпискиот шампион во уметничко лизгање Роман Костомаров му беа ампутирани стапалата на двете нозе, објави руската новинска агенција ТАСС.

Еден од најпознатите руски лизгачи на почетокот на годината беше примен на одделението за интензивна нега, каде што беше ставен на респиратор поради тешко воспаление на белите дробови, но поради гангрена, мораше да му бидат ампутирани стапалата.

„За жал, двете нозе мораа да бидат ампутирани. Операцијата помина без проблеми. Роман е свесен и неговата состојба се подобрува“, објави болницата.

Според руските медиуми, на едната нога лесно било извадено „мртвото ткиво“, но на другата нога морало да му биде ампутиран целиот зглоб на глуждот.

Роман Костомаров на Зимските олимписки игри 2006 година во Торино заедно со Татјана Навка го освои златниот медал. Костомаров и Навка двапати беа светски шампион и трипати европски.

- Оглас -

Најнови вести