На Севилја не ѝ пречи ораницата во Луксембург – Мунас и Мунир ја наполнија мрежата на Дуделанж (Видео)

Мунас Дабур ги постигна првите голови за Севилја, беше прецизен двапати на „Жози Бартел“ против Дуделанж, а мрежата на домаќините ја полнеше и Мунир Ел Хадади, па по првото полувреме гостите водат со убедливи 4:0.

Дабур, кој ќе игра за Израел против Македонија на 19 ноември во Скопје, конечно се запиша во листата на стрелците кај Севилја, а беше прецизен во 18-тата и во 36-тата минута.

Во меѓувреме, Мунир Ел Хадади беше прецизен двапати, па Севилја веќе е на прагот на втората фаза во Лигата на Европа. Со победа во Луксембург, шпанскиот претставник и рекордер според бројот на титули во Лигата на Европа, ќе има 12 бода и ќе биде недостижен за Дуделанж и за Апоел, веројатно и за Карабах во битката за пласман понатаму.

Севилја сè уште нема примено гол во натпреварите од групата А.

https://twitter.com/WorldGoalss2/status/1192511534016159746?s=20

- Оглас -

Најнови вести