На Шекил, Адетокумбо не му е омилен грчки кошаркар (Видео)

НБА легендата Шекил О`Нил изненади со изборот на омилен грчки кошаркар на сите времиња. Многумина очекуваа изборот на Шек да биде Јанис Адетокумбо, Никос Галис или Василис Спанулис, но О`Нил бил најимпресиониран од некогашниот центар Панајотис Фасулас.

Фасулас е легенда на ПАОК и Олимпијакос. Тој во 1987 година беше член на легендарната селекција на Грција која првпат стана европски првак, а со Олимпијакос во 1997 ја освои Евролигата, додека во 2016 влезе во Куќата на славните на ФИБА.

Шекил кажа дека Фасулас му е омилен грчки играч, а чудовиштето Адетокумбо е втор. Кога ова со слушна Фасулас, реши да му се заблагодари на Американецот и го повика после пандемијата да дојде на летување кај нашиот јужен сосед. Инаку, Фасулас е одборник во градското собрание на Солун како член на партијата ПАСОК.

- Оглас -

Најнови вести