На сите шест меча во ЛШ има голови по првото полувреме, Сити има негатива од два гола (Видео)

Гостинските екипи се подобри по првото полувреме од мечевите од петтото коло во групната фаза во Лигата на шампионите и водат на три од шесте меча.

Европскиот шампион Манчестер сити пред своите гледачи по првиот дел губи од Ред Бул Лајпциг со 0:2. Иако минатата сезона нивниот меѓусебен дуел на „Етихад“ заврши со триумф од 7:0 на Граѓаните, овој пат германскиот тим има предност по првите 45 минути благодарение на головите на Опенда. Првиот го постигна во 13-тата, а вториот во 33-тата минута.

На „Сан Сиро“, Борусија Дортмунд благодарение на голот на Марко Ројс од пенал во 10-та минута поведе против Милан со 0:1.

Во финишот од првото полувреме, Милан сепак успеа да дојде до израмнување преку Чуквуезе. Резултатот можеше да има поинаков тек доколку Оливие Жиру го реализира пеналот во шестата минута.

Водство на гости има и Атлетико Мадрид, и тоа против Феенорд. Во 14-тата минута Гертруида си постигна автогол.

Во дербито на колото, Њукасл води со 0:1 против ПСЖ на „Паркот на принцовите“, и тоа благодарение на голот на Александер Исак.

Единствен домашен тим кој има предност е Јанг бојс против Црвена ѕвезда, и тоа со 2:0.

Швајцарскиот шампион во осмата минута поведе, а во 29-тата направи голем исчекор кон победата која му носи пласман во нокаут-фазата во Лигата на Европа.

Барселона и Порто одиграа 1:1 по првото полувреме.

Пепе во 30-тата минута го замолкна за момент „Монжуик“. Но предноста на португалскиот тим траеше само две минути бидејќи Кансело го израмни резултатот.

- Оглас -

Најнови вести