На СП беше постигнат еден од најлудите голови од пенал (Видео)

Едвалдо Фереира е репрезентативецот на Ангола за кого се зборува на Светското првенство во Германија и Данска. Тој е играчот кој го изведе и реализираше еден од најатрактивните пенали во историјата на професионалниот ракомет.

На дуелот против Шведска, Ангола загуби убедливо со 37:19, но Фереира го постигна најубавиот гол, погодок кој сигурно ќе биде во конкуренција и за најдобар на Мундијалот. Фереира застана на линијата од 7 метри и успеа на неверојатен начин да ја сврти топката, која „бегаше“ од голманот и делуваше дека ќе оди покрај голот, но потоа успеа да се врати во мрежата.

Погодокот на ракометарот од Ангола може да го погледнете ТУКА.

За тоа дека ракометарите се обидуваат на најразличен можен начин да го совладаат голманот од пенал, пишувавме пред некое време, кога на аматерски меч во Англија беше постигнат неверојатен погодок. Ракометарот кој го изведуваше пеналот успеа да го лобува голманот, и тоа откако прво ја удри топката од земја.

Тој пенал може да го погледнете ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести