На сред стадион, шума од 300 дрвја (фото)

Австрискиот второлигаш Австрија Клагенфурт привремено го отстапи својот стадион за еден швајцарски уметник по име Клаус Литман да може да ја направи својата изложба од 300 дрвја. Темата на изложбата е „Бескрајна привлечност кон природата“, а за да може да ја оствари својата замисла, Литман посакувал токму на стадион да ја креира малата шума, по што раководството на второлигашот без размислување му дало дозвола.

Љубителите на ваков тип уметност ќе може да ја посетат изложбата која ќе стои на стадионот „Вуртесе“ до 27 октомври. Дотогаш, тимот на Клагенфурт своите домашни натпревари ќе ги игра на многу помал терен кој се наоѓа во близина на нивниот дом со капацитет од 32.000 седишта.

Инаку, изложбата на Литман е со цел да се покрене свеста на луѓето околу глобалното затоплување.

- Оглас -

Најнови вести