32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

На суеверните Бразилци не им се допаѓа што против Хрватска мора да играат со сини чорапи

Најчестата комбинација на опрема со која игра фудбалската репрезентација на Бразил, е жолт дрес, сини гаќички и бели чорапи.

Но, бидејќи Хрватите денеска ќе носат бели гаќички и чорапи, Бразилците се приморани да носат и темни (сини) чорапи, а тоа не им се допаѓа на суеверните. Кариоките на Мундијалот во Катар само еднаш носеа сини чорапи, против Камерун, и загубија, па стравуваат дека истиот шок може да им биде приреден и денеска против Хрватска.

На Бразилците нема да им биде првпат да играат против Хрватска со сини чорапи, тоа се случи и во 2006 година.

Инаку, и Аргентинците во Катар за првпат ќе играат со бели гаќички, наместо темно сини како досега. Холандија ќе биде во портокалово од „глава до пета“.

- Оглас -

Најнови вести