29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

На Тен Хаг му треба магија како Роналдо да биде среќен во Манчестер јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед објави дека Кристијано Роналдо не е за продажба и дека ќе стори се Португалецот да остане со Црвените ѓаволи, иако ЦР7 се обидува да си замине.

Целата ситуација околу 37-годишниот напаѓач е хаотична, па Роналдо не замина на турнеата во Тајланд и Австралија, со објаснување од клубот дека има семејни проблеми што треба да ги разреши.

„Кристијано Роналдо не е за продажба. Го планирам како еден од столбовите на Манчестер јунајтед за идната сезона. Прашањето е како да го направиме да биде среќен? Се надевам дека ќе соработуваме коректно и дека ќе го гледаме стариот добар Роналдо“, изјави Тен Хаг.

Роналдо дури беше нуден од менаџерот Жорге Мендеш на неколку клубови ова лето. Објавено беше дека Челзи, ПСЖ, Рома се меѓу екипите на кои неговиот агент им нудел трансфер на Роналдо, кој потоа и самиот објави дека сака да си замине од Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести