Голманот на рускиот Оренбург, Андреј Климович, беше во центарот на вниманието во изминатово коло. Белорускиот чувар на мрежата на теренот се појави во црн џемпер и капче на главата. Првично сите беа збунети, но потоа стана јасно дека се работи за одличен потег.
Климович тоа го направи во чест на легендарниот голман Лав Јашин, кој е роден на 22 октомври 1929 година, што значи дека утре ќе биде 90 години од неговото раѓање. Тоа е единствениот голман кој го има добиено признанието Златна топка во 1963 година.
Јашин во текот на целата кариера бранеше за Динамо Москва, а неверојатно делува бројката од над 150 одбранети пенали. Поради тоа што секогаш на теренот носеше црн џемпер, го доби прекарот Црниот Пантер. Почина во март 1990 година.
https://twitter.com/i/status/1185895135965581317