На теренот третолигаши, на трибините 80.000 гледачи (Видео)

Денес во Англија се играше финалето на ЕФЛ Купот, натпреварување во кое играат клубови од третата и останатите пониски лиги. Во финалето се сретнаа поранешниот премиерлигаш Болтон и Плимут, две екипи од третата по ранг англиска лига, Лига 1.

Болтон го доби мечот со 4-0 и го освои трофејот, но што остава без зборови е атмосферата на стадионот Вембли, каде имаше 80.000 гледачи.

Англичаните уште еднаш покажаа колку го сакаат фудбалот, без разлика која екипа игра и во која лига е во моментов.

- Оглас -

Најнови вести