На Тиквеш среќата му го сврте грбот, и кавадарчани се елиминирани од Европа

Тиквеш е елиминиран од квалификациите во Конференциската лига откако вечерва на Исланд загуби од Бреијдаблик со 1-3, па исландскиот тим ќе игра со косовската Дрита во второто коло.

Кавадарчани го добија првиот меч со 3-2, вечерва поведоа со 1-0 со гол на Спахиу во осмата минута и беа блиску до пласман во следната рунда.

Но, по водството се повлекоа, а Брејдаблик израмни пред крајот на првото полувреме. По осум минути игра во вториот дел, домашните поведоа со 2-1 и продолжија да напаѓаат барајќи трети погодок.

Двата тима имаа шанси, а клучниот момент се случи во 86-тата минута, кога Кристинсон беше во дуел со Даниел Мојсов. Прво Исланѓанецот беше заведен како стрелец, но јасно е дека беше автогол на најискусниот фудбалер на Тиквеш.

Мојсов имаше прилика да донесе продолженија во 94-тата минута, од слободен удар имаше одличен шут под пречка, но голманот на Брејдаблик спречи 2-3 и екстра 30 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести