На Тотенхем му оди одлично без Кејн, има две победи во првите три кола во Премиер лигата (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем играат одлично на стартот од сезоната иако останаа без капитенот и најдобар играч, Хари Кејн кој се пресели во Баерн Минхен.

Тотенхем денеска на „Виталити“ стадионот го совлада Борнмут со 2:0 како гостин и ја оствари втората победа во првите три кола.

Петлите постигнаа по еден гол во двете полувремиња, триумфот го најави Џејмс Медисон во 17-та минута. Голот на засилувањето за Петлите од Лестер може да го видите на следниот ЛИНК.

Во вториот дел, мрежата на домаќинот ја затресе и Дејан Кулушевски во 63-та минута. Голот на Кулушевски може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести