На три дена пред дуелот со ривалот за титула, Реал остана без централни дефанзивци!

Се трупаат проблемите на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на три дена пред важниот натпревар против конкурентот за титулата Жирона, тој нема на располагање ниту еден класичен централен дефанзивец.

Милитао и Алаба одамна се аут, Бразилецот нема играно сезонава и според прогнозите, би се појавил на терен некаде во април, за Алаба е завршена сезоната, а во моментов повреди имаат и Начо и Антонио Ридигер.

Германецот се повреди на дуелот со Хетафе, па го пропушти и дербито со Атлетико, а денеска само џогираше и не тренираше со тимот. Неговиот настап против Жирона е неизвесен, в петок ќе се знае дали ќе игра. Начо има преоптоварување на мускул во едната нога, па на три дена пред дербито, Анчелоти работеше без централните бекови од првиот тим.

Ако не можат да играат против Жирона, централни дефанзивци на Реал ќе „глумат“ Чуамени и Карвахал бидејќи Анчелоти не е тренер кој сака во првиот тим, особено не на важни средби, да ги користи играчите од вториот тим на Кралскиот клуб.

Повреден е и Винисиус, кој се повреди на загревањето пред мечот со Атлетико во неделата, и тој не тренира и за него не се знае дали ќе се појави против Жирона.

- Оглас -

Најнови вести