На трибините во олимписката сала за бокс, мора да бидете боси

Салата „Рјогоку Кокугикан“ е своевиден театар посветен на сумо борењето, најтрадиционалниот спорт во Јапонија, а сега е обновен да биде домаќин на боксерските натпревари на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Риогоку Кокугикан, отворен во 1985 година во населбата Сумида, собира повеќе од 10.000 гледачи. Сега не може да има публика поради пандемијата од коронавирус.

Во салата беше ставен боксерски ринг, но не се направија промени на трибините кои се необични за наши услови.

Наместо столчиња, таму има простори од приближно еден квадратен метар со теписи на земја, и мора да бидете боси. Строго е забрането да носите обувки. За локалните жители, тоа е познато, но странците се зачудени од обичајот.

Инаку, во Јапонија и во секојдневниот живот се случува истото. Во сите јапонски куќи, без исклучок, мора да ги соблекувате чевлите при влегување, истото важи и за хотели, училишта, храмови, па дури и ресторани. Непридржувањето кон тоа се смета за сериозен недостаток на почит.

 

- Оглас -

Најнови вести