На Циципас „црно“ му се пишува: Надал оди на 12/12 во Барселона

Рафаел Надал ќе се обиде да го подобри рекордот од 11 освоени титули на АТП 500 турнирот во Барселона, по победата во два сета над Пабло Карењо-Буста со со 6-3, 6-2 по еден и пол час игра.

Првиот носител на турнирот по 12-ти пат во кариерата ќе се бори за трофејот во Барселона, а досега не знае за пораз во 11 финалиња. Последната титула Надал ја освои во 2018 година, токму во финалето противник му беше Стефанос Циципас, кој и сега му стои на патот до новиот успех.

Доста лесо Рафа стигна до водство од 5-1 во првиот сет преку два брејка, но во гемот со кој требаше да го освои сетот, Карењо-Буста возврати со украден сервис, налаи на 5-3 и максимум што можеше да направи е да спаси само една сет-топка. Два експресни брејка на Надал му го отворија патот до победата во полуфиналето, до која дојде рутински чекајќи на свој сервис да ја заврши работата.

Претходно Стефанос Циципас со 6-3, 6-3 беше подобар од Јаник Синер, по што му претстои огромен предизвик да го спречи Надал во финалето кое е закажано за утре во 10 часот наутро.

- Оглас -

Најнови вести