На Вардар му се насмевнува 11-тата титула

Вардар со гол на Украинецот Новак, ја победи Струга со 1-0 и отиде на десет бода предност во однос на Силекс кој сега е втор, после киксот на Шкендија која дома загуби од Работнички. Вардар е на добар пат по 11-ти пат да го крене шампионскиот пехар, а вистински калабалак ќе се одвива во битката за опстанок.

Освен Вардар, Силекс и Шкендија, сите други може да испаднат, бидејќи четвртата Ренова има само шест бода плус во однос на Струга која сега е последна. Борец и Работнички ја креваат формата, бележат добри резултати и се излекуваат од дното. Работнички до триумфот во Тетово кај Шкендија дојде благодарение на гол од корнер, после катастрофалната грешка на голманот на првакот, Захов.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Ренова 0-1, Македонија Ѓорче Петров – Борец 0-2, Шкендија – Работнички 0-1, Шкупи – Силекс 1-1, Вардар – Струга Трим Лум 1-0.

ТАБЕЛА: Вардар 46 бода, Силекс 36, Шкендија 35, Ренова 31, Шкупи и Македонија ЃП по 29, А. Пандев и Работнички по 28, Борец 27, Струга 25.

- Оглас -

Најнови вести