На Вардар со Барса ќе му судат Летонци, а потоа дај боже да бидат Германци

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите за финалниот турнир во Келн што ќе се одржи на 1 и 2 јуни. Вардар по трет пат по ред ќе игра меѓу најдобрите 4 екипи во Европа.

Во полуфиналето, на 1 јуни од 18 часот, „црвено-црните” се среќаваат со Барселона, а на таа средба судии се Летонците Зигмар Сондор и Ренар Лицис.

Другото полуфинале, Веспрем – Кјелце, кои се среќаваат од 15 часот, ќе го судат Македонците Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Довербата да го судат финалето им е дадена на Германците Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг. Интересно е што овие двајца Германци го судеа и финалето во 2017 година, кога Вардар стана европски првак.

Ако Вардар биде поразен од Каталонците во полуфиналето, тогаш на 2 јуни, во утешниот меч за трето место ќе им судат Сантош и Фонсека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести