Словенецот Алекс Влах го изведе најинтересниот пенал на ракометниот Мундијал во Полска и Шведска, а со финта успеа да го легне на земја голманот на Саудиска Арабија, Ал Салем.
Влах постигна 4 гола во победата на Словенија од 33:19, а пеналот му е хит. Лажно замавна и го измами голманот на ривалот, кој падна и направи шпага, па Влах лесно крај него ја погоди мрежата.
https://twitter.com/ihf_info/status/1613616065698824193?s=20&t=LBvlITzfaESKhFDeGQN66g
Словенија лесно ја совлада Саудиска Арабија и има победнички старт на турнирот на кој е еден од фаворитите од сенка за медал.