На Жиру му здодеа во САД, па по 13 години повторно ќе игра за француски клуб

Оливие Жиру по само една година ќе ја напушти МЛС лигата и Лос Анџелес и повторно ќе се врати во Европа. Поранешниот француски репрезентативец има договор до крајот на оваа календарска година, но нема расположение за останување во САД ниту од негова страна, ниту од страна на клубот, па ќе биде ослободен да си замине бесплатно.

Следна дестинација за него ќе биде екипата на Лил, што ќе претставува враќање во татковината по пауза од 13 години, откако во 2012 година го напушти Монпеље за сума од 12 милиони евра и се пресели во Арсенал.

Токму Жиру беше еден од клчните фудбалери во освојувањето на историската титула на Монпеље во сезоната 2011/12, а освен за Арсенал и Лос Анџелес, настапуваше и за Гренобл, Истрес, Турс, Челзи и Милан.

- Оглас -

Најнови вести