Корејскиот одбранбен фудбалер Ким Мин Јае во моментов важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот. Тој го привлече вниманието кон себе со одличните игри во дресот на Наполи, а успеа и да стигне и до трофејот од Серија А.
Најзаинтересиран за неговите услуги е Манчестер Јунајтед, кој во него гледа замена за Хари Мегваер. “Црвените ѓаволи“ планираат да ја искористат откупната клаузула од неговиот договор и да му платата на Наполи 60 милиони евра.
Сепак, проблем може да бидат законите во Јужна Кореја, каде Мин Јае мора да отслужи задолжителен воен рок, а терминот се поклопува со тие две недели во кои може да се откупи неговиот договор според клаузулата.
Според шпекулациите, кореецот е веќе во својата татковина и се обидува да го отслужи воениот рок порано, за да не му се искомпликува трансферот од соништата.