Набрзина се спакувавме за Египет, одбраната ја заборавивме дома – Македонија прими неверојатни 130 гола на четири меча

Македонија загуби од Словенија со 21:31 во првиот меч од втората фаза од Мундијалот во Египет, а и на третиот меч против фаворитите прими 30 или повеќе голови.

Вкупно сметајќи го и мечот на Чиле, што ни е единствена победа засега, на Светското првенство примивме вкупно 130 гола, што е недозволиво за репрезентација што има огромен рејтинг граден во последните две-три децении.

Во просек одбраната која е многу порозна и не игра на очекуванато ниво прими 32,5 гола, нешто што никогаш не ни се случило на големите натпреварувања.

Само Чиле не успеа против нас да ја мине границата од 30 голови, ни даде 29 во нашата единствена победа од 32:29, што и не одведе во вториот круг на Мундијалот.

Ако на ова се додаде и податокот дека голманите Митревски и Томовски бранат многу солидно, тогаш фактот дека примивме дури 130 голови на четири меча е уште попоразителен.

Со поразот денеска од Словенија, македонската репрезентација е првата и единствена засега во втората фаза што ја мина бројката од 100 примени голови, а имаме точно 101 удар што заврши во мрежата на Митревски или на Томовски.

Ни остануваат уште два меча во втората фаза, против Русија задутре од 15.30 часот и со Белорусија на 24 јануари во истиот термин за крај на нашите маки на Мундијалот во Египет.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести