Надал го состави перфектниот играч, а во него има делови од Федерер, Ѓоковиќ, Карловиќ…

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а можеби и најдобриот во историјата на земјена подлога, Рафаел Надал реши да направи прототип на играч кој би бил перфектен. Во креирањето на најдобриот тенисер, Шпанецот „измеша“ повеќе докажани играчи.

Секако, перфектниот тенисер не може да се појави, ако на него нема дел од најдобрите тројца играчи кои доминираат во последните 15-тина години. Надал вели дека бо го одбрал бекенд ударот на Новак Ѓоковиќ, форхендот на Роџер Федерер и неговата пожртвуваноста. За составивање на перфектниот тенисер има место и за сервисот на Иво Карловиќ, брзината на Гаел Монфилс, ставот кон тенисот на Давид Ферер, како и визичката подготвеност на Доминик Тим.

Надал додаде дека во перфектниот играч може да се додадат и Енди Мареј кој го има најдобриот дефанзивен удар, како  и Федерер кој има најдобра визија за тенисот.

 

- Оглас -

Најнови вести