Надал: Ѓоковиќ е опседнат со рекордите

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, двајцата најдобри тенисери во светот, немаа добра недела откако рано беа елиминирани на Мастерс турнирот во Монте Карло. Следната нова цел на двајцата тенисери ќе биде гренслемот во Париз, популарниот Ролан Гарос.

Надал е вистински крал на Ролан Гарос дури со 13 титули во поединечна конкуренција. И сезонава Надал и Ѓоковиќ се главни фаворити за трофејот на овој гренслем. Надал и Федерер со по 20 гренслем-титули се рекордери, а Ноле најави дека сака да ги престигне.

„Новак повеќе е фокусиран на соборување на рекордите. Тој е опседнат со тоа. Не мислам на тоа како на лош и негативен начин, туку едноставно тој се фокусира на рушење на рекордите. Нему тоа многу му значи, постојано за тоа зборува. Мојот пристап кон тенисот не е таков. Имам подруги амбиции од него“, рече Надал.

 

- Оглас -

Најнови вести