Надал: Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира

Новак Ѓоковиќ неодамна јасно кажа дека е против каква било вакцина, па дури и кога се работи за вакцина против корона-вирусот. Оваа изјава на најдобриот тенисер во светот предизвика многу реакции, дел позитивни, дел негативни, а со свое мислење се јави и Рафаел Надал.

Шпанскиот тенисер потенцираше дека доколку Ѓоковиќ сака да продолжи да игра тенис на врвно ниво, а биде донесено одлука да се вакционираат сите тенисери, тогаш тоа ќе мора да го направи и Србинот.

„Никој не може никого да натера да направи нешто против своја волја. Сепак, ако челниците на тениската федерација побараат да мора да се прими вакцината за да се продолжи со натпреварување на врвно ниво, тогаш ќе мора да се придржуваме на правилата. Тогаш ќе мора и Ѓоковиќ да се вакцинира доколку сака да продолжи да игра тенис на врвно ниво. Тоа е само следење на правилата, исто како што не смееме да користиме дел од лековите кои може да покажат дека сме допингувани“, вели Надал.

- Оглас -

Најнови вести