Надал и по кариерата руши рекорди: Неговиот рекет продаден за 137.000 евра

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња и Крал на земјена подлога, Рафаел Надал, ќе добие две копии од плочките со отисоци од неговите стапала на Ролан Гарос.

Една од плочките ќе биде изложена во музејот на тенисерот кој освои 22 грандслем-трофеи, додека другата ќе му биде на располагање во првиот дом. Од 22-те гранслем-титули, Надал дури 14 освои на Ролан Гарос.

Уште во првиот ден на турнурот во Париз беше одржана аукција, каде што рекетот на Надал со којшто играше во 2017 година во финалето против Стен Вавринка е продаден за рекордни 137.000 евра. Со тој рекет Надал стигна до јубилејната 10-та титула на Ролан Гарос.

Тоа е најскапиот рекет кој некогаш е продаден на аукција. Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Надал кога рекетот кој го користеше во финалето на Отвореното првенство на Австралија во 2022 година достигна цена од 120.000 евра. На тој меч Надал победи со 3:2 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести