Надал му го исполни сонот на 97-годишен тенисер (Видео)

Рафаел Надал покажа дека е вистински спортсмен, откако прифати да игра тенис со 97-годишен дедо. се работи за Леонид Станиславски кој заигра против Шпанецот на „Рафаел Надал академијата“.

Украинецот го држи рекордот за најстар активен професионален играч во ИТФ рангирањето, каде е на 194 место на листата на тенисери постари од 85 години. На листата на тенисери кои имаат над 90 години, Станиславски е на 31-тото место.

Во 2021 година, Станиславски одигра четири меча и забележа една победа и три порази, а сега успеа да стигне да спарингува со еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

 

- Оглас -

Најнови вести