Надал не размислува за пензија: Ќе дадам сè од себе да уживам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, вечерва по пауза од три месеци повторно ќе се појави на терените и на фановите им порача дека не размислува за пензија.

Надал вечерва во Лас Вегас, САД, од 22 часот ќе одигра егзибициски меч против сонародникот Карлос Алкарас.

„Животот ви го покажува патот. Како го замислував моето простување? Во прво време, не ни размислував за тоа бидејќи такво нешто би значело дека сум блуску до крајот. Секако дека би сакал кажам зборгум, но и да се натпреварувам и да уживам на теренот, а дали ќе биде така ќе покаже времето.

Очигледно е дека изминатите недели и месеци ми покажаа дека се е компликувано и дека има моменти кога е тешко да се контролира сето тоа. Пред две недели не можев да одам, и тоа беше удар за мене, но сега сум тука. Ќе дадам се од себе за да уживам“, изјави Надал.

- Оглас -

Најнови вести