Надал нема мака со аутсајдерите

Рафаел Надал игра сигурно и засега по две кола ја оправдува улогата на прв носител на Отвореното првенство на Австралија. По убедливата победа со 3:0 против Уго Делиен во стартното коло, Шпанецот и денеска беше успешен и со максимален резултат го исфрли од турнирот Федерико Делбонис.

Аргентинецот имаше голема шанса конечно во четвртиот меч да освои барем еден сет против Надал, но пропушти можност во тај-брејк во вториот сет. Фаворитот беше сигурен и поведе со 2:0 откако го доби доигрувањето во вториот сет со 7:4 во поени, а потоа убедливо со 6:1 го затвори мечот и се пласира во следното коло.

За разлика од Надал, со многу мака понатму оди Стен Вавринка. Швајцарецот во пет сета беше подобар од жилавиот ривал Андреас Сепи и успеа да остане во игра за втората титула во Мелбурн, по триумфот во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести