18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Надал рутински до прва победа на АТП финалниот турнир

Со лесна победа од 6-3, 6-4, Рафаел Надал тргна на АТП финалниот турнир. Вториот светски рекет рутински го надигра Андреј Рубљев, за што му требаа помалку 80 минути да го запише триумфот на стартот.

Шпанецот со два брејка стигна до посакуваната победа, во првиот сет клучен беше одземениот сервис од Рубљев за 4-2 во гемови, додека нов брејк оствари на стартот од вториот сет.

Следен противник на Надал му е Доминик Тим, кој претходно денес триумфираше против бранителот Стефанос Циципас.

https://twitter.com/atptour/status/1328090601867284480

- Оглас -

Најнови вести