Надал се согласи со Ѓоковиќ и ги нападна организаторите на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал застана во одбрана на руските и белоруските тенисери на кои им беше забрането учество на Вимблдон. Поради војната меѓу Русија и Украина, организаторите на Гренд слемот во Англија одлучија да не дадат дозвола за настап на тенисерите од Русија и Белорусија.

„Мислам дека тоа е голема неправда кон моите колеги од Русија. Тие не се виновни за војната што се случува во Украина“, е ставот на Надал.

Претходно со речиси иста изјава се огласи и најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ кој рече дека е „лудост“ одлуката да не се дозволи настап на руските тенисери на Вимблдон затоа што се води војната во Украина.

- Оглас -

Најнови вести