Надал си ја заврши работата, сега е ред на Ѓоковиќ

Рафаел Надал ја потврди доминацијата на Ролан Гарос и повторно се пласираше во финалето на Гренслем турнирот во Париз. Шпанецот без многу проблеми го победи Диего Шварцман од Аргентина со 6:3, 6:3, 7:6(0), во меч кој траеше повеќе од три часа.

Во првиот сет Надал на стартот направи предност од 3:1 во гејмови и потоа без многу проблеми го освои првиот сет. Во вториот сет повторно Шпанецот стигна до 3:1, а на крајот и вториот сет го доби со 6:3.

Третиот сет беше најнеизвесен. Надал повторно поведе со 3:1, но овојпат Шварцман возврати со рибрејк. Надал повторно го освои гејмот на сервис на противникот, но Шпанецот повторно возврати и стигна до 4:4.  Фаворитот водеше со 5:4 и беше на два поени од победа, но противникот се врати и стигна до 6:6, изборувајќи се за тај-брејк, но толку му беше силата. Во тај-брејкот, Надал фуриозно стигна до 7:0 и јасно беше дека ќе биде првиот финалист.

За Надал ова ќе биде 13-то финале на Ролан Гарос и ќе атакува на 13-тата титула. Шпанецот на гренслемот во Париз има 99 победи и само два порази во кариерата. Во финалето, Надал ќе игра со подобриот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Стефанос Циципас.

 

- Оглас -

Најнови вести