Надал со рутинска победа тргна на турнирот кој го освоил 11 пати

Рафаел Надал имаше рутински триумф од 2-0 (6-1, 6-2) против Федерико Делбонис на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, каде што третиот светски рекет ќе атакува на рекордна 12-та титула.

Пласманот во осминафиналната фаза го обезбеди за малку повеќе од 80 минути игра, по што во битката за топ 8 Надал ќе се пресмета со Григор Димитров.

Со два брзи брејка, Надал поведе со 1-0 во сетови по половина час, па со ист фуриозен ритам продолжи и во вториот сет. Делбонис одговори со еден брејк на двата украдени сервиси од Шпанецот, но потоа Надал направи уште еден брејк за водство од 5-2 и беше јасно дека Надал ќе продолжи во наредната фаза.

Во меѓувреме, Роберо Баутиста-Агут со 6-3, 6-4 го совлада Американецот Томи Пол и во осминафиналето ќе се сретне со Андеј Рублев.

- Оглас -

Најнови вести