Надал за првпат во кариерата испадна во првото коло на Ролан Гарос

Рафаел Надал кој со 14 титули е рекордер на Ролан Гарос, сезонава е елиминиран во првото коло на вториот годинешен гранслем-турнир.

Ова е првпат во неговата трофејна кариера Надал да загуби во првото коло на омилениот гранслем-турнир.

 

Подобар од Надал беше четвртиот тенисер на АТП ранг-листата, Александер Зверев во три сета и тоа со 6:3,7:6,6:3.

Зверев победата ја најави уште во првиот гем од мечот правејќи брејк ниту еден загубен поен. Германецот сетот го потврди во деветтиот гем кога уште еднаш го одзеде сервисот на Надал за 6:3.

Во вториот сет, Надал одигра далеку подобро и веќе во петтиот гем направи брејк за 3:2. Но, во десеттиот гем кога сервираше за израмнување на 1-1 во сетови, Зверев успеа да се врати, направи брејк и потоа сетот го однесе во тај-брејкот.

Во одлучувачкиот гем, Зверев беше подобар, поведе со 6:4, но не ја искористи првата сет топка, туку втората за 7:5 и водство од 2-0 во сетови.

И во третиот сет Зверев беше подобар и на крајот сосема заслужено славеше со 6:3 и во само три сета го победи кралот на земјените терени.

- Оглас -

Најнови вести