30.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Нагелсман по поразот од Словачка: „Доста ми е од сѐ!“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман, упати критики по лошиот натпревар на неговите играчи против Словачка, кој го загубија со 0-2.

Словаците го надиграа германскиот тим, а селекторот вели дека нема објаснување за таквото лошо издание.

„Немам објаснување. Сите мора да разберат дека одиме на Светското првенство и сакаме таму да се претставиме добро. Овојпат бевме многу далеку од тоа во сè. Можеби не треба да се потпираме на играчи со висок квалитет, туку на такви кои се подготвени да го дадат максимумот од себе. Не сакам повеќе да слушам за ‘ниво’. Доста ми е!“, изјави Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести