Нагелсман: Во Баерн ми ветуваа работи кои немаа врска со реалноста

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, а актуелен германски селектор, Јулијан Нагелсман, изјави дека германскиот првак не дава секому доволно време да изгради конкурентен тим.

Во интервјуто за „Дер Шпигел“, Нагелсман го критикува раководството на Баерн дека нема трпение како она на Ливерпул со Јирген Клоп и Манчестер сити со Пеп Гвардиола. Клоп пет години по доаѓањето во Ливерпул чекаше титула и само еднаш стана првак на Англија, но клубот не размислуваше да го смени.

„Кога потпишав со Баерн, договорено беше дека ќе имам право да ги променам работите, но има клубови кои не ти даваат време и такви кои ти даваат. Клоп беше во Ливерпул пет години пред да стане шампион таму за прв пат. Гвардиола после седум години во Сити дојде до првата титула во Лигата на шампионите со клубот. Тренерите во Баерн никогаш не добивале толку време за да разработат својата визија“, изјавува Нагелсман кој во Минхен дојде летото 2021 од Лајпциг, а иако потпише петгодишен договор, беше сменет на крајот на март 2023 година.

Томас Тухел кој го наследи Нагелсман, има договор до летото 2025, но летово ќе треба да си замине.

Од 2016 наваму, по заминувањето на Гвардиола, на клупата на Баварците седеа седум различни главни тренери.

„Тоа кое му се соопштува на надворешниот свет после разделба, нема многу заеднички работи со реалноста. Не помагаат ни добри односи со луѓето кои одлучуваат. Така било секогаш во фудбалот, така ќе биде и во следните 30 години. Јас мислев едно, а тие ме лажеле цело време. Требаше отворено да ми кажат што мислат. Испадна дека имаме сосема различни гледишта и мислења“, вели Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести