Наградите на Спортска прогноза останаа недопрени, но тие што играа напредуваа во Генералниот пласман

Шестото коло на Спортска прогноза е завршено и не донесе радост никому во однос на добивање вредносни ваучери или главната награда iPhone XS, но некои од најредовните прогнозери имаа напредок во Генералниот пласман и тоа е нивниот плус.

Александар З. и Мишел С. се прогнозерите кои погодија 9 од 13-те натпревари во основната понуда и тие се најуспешни меѓу повеќе од 1.000 прогнозери, но им фалеа два погодоци за да добијат вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life обложувалниците. Само на два чекори беа двајцата најдобри од ова коло до ваучери, а четири од главната премија iPhone XS, кој ја добива оној кој ќе успее да погоди Среќна 13-ка.

Спортската прогноза е бесплатна игра и само за неколку секунди точно типување, може да се освои добар подарок. Затоа, и да сте имале лошо коло, немојте да се откажувате, важен е и Генералниот пласман.

Наскоро ќе бидат познати паровите за новото, седмо коло. Во понудата се враќа клупскиот фудбал кој традиционално повеќе им лежи на прогнозерите, па затоа читајте Спорт Манија и бидете дел од Sport Life клубот.

- Оглас -

Најнови вести