Наинголан го однесе Интер во ЛШ, го испадна Емполи, ја спаси Џенова, а жали и Милан (Видео)

Огромната драма и неизвесност во италијанската Серија А, својот врв го достигна вечерва кога се дознае кои екипи одат во Лигата на шампионите, а кој се сели во втора лига.

Победници и добитници се Интер (оди во ЛШ), Аталанта (оди во ЛШ) и Џенова на Горан Пандев (остана прволигаш), а губитници се Емполи (испадна) и Милан (остана без место во ЛШ).

Аталанта сама си ја заврши работата, со 3-1 го победи Сасуоло, а останатите зависеа од резултатот на средбата во Милано. Таму Интер поведе, па Емполи изедначи, но потоа „нераѕурите“ преку Раџа Наинголан во 81 минута поведоа со 2-1. Во финишот, Интер даде уште еден гол, кој беше поништен од ВАР, но судбината на Емполи остана запечатена. Во самиот финиш, Емполи утна огромна шанса, јунак во тој слулај беше голманот Хандановиќ.

Победата на Интер ги онерасположи и фановите на градскиот ривал Милан кој и покрај триумфот од 3-2 над СПАЛ, остана без место во ЛШ, и мора да се задоволи со Лига Европа, каде ќе игра и Рома.

Џенова треба да му се заблагодари на Интер за победата, бидејќи ако Емполи освоеше бод, Џенова ќе испаднеше.

- Оглас -

Најнови вести