Наинголан: Можев да испијам 20 пијачки и потоа да играм

Фудбалерот на СПАЛ, Раџа Наинголан, кој во речиси целата кариера игра за клубови од Италија, во едно интервју кажа дека додека бил во Рома (од 2014 до 2018), знаел да игра и после испиени 20 пијачки претходната вечер.

„После осум испиени пијачки, му реков на директорот Валтер Сабатини дека не е доволно и дека ќе испијам 20, но дека утредента ќе можам да играм. Така и се случи. Сабатини ме сакаше и ме советуваше да живеам помирен живот. Не се согласував со тоа, затоа што играв добро и после пијанство. Тој мислеше дека можам да играм и подобро, но јас мислам дека дадов максимум“ – вели Наинголан кој како дете бил многу сиромашен, па кога почнал многу да заработува, сакал да ужива во животот, дури и да претерува.

Го прашаа Наинголан дали е точно дека кога добил понуда од Јувентус, им одговорил: Никогаш!

„Точно е. Можеби беа најсилни во Италија во тоа време, но на некои мечеви против нив сум губел, но не затоа што Јуве беше подобар. Им помагаа, во 2014 година бев во Рома и загубивме од нив со 2-3 кога им досудија два пенали за фаули кои беа надвор од 16-никот“ – вели популарниот Нинџа.

- Оглас -

Најнови вести