Името Кирон Мекина е релативно непознато за светската фудбалска јавност, но тој е еден од кандидатите за клупата на Манчестер јунајтед и Челзи. Се работи за 38-годишен тренер, кој претходните две сезони правеше чуда од екипата на Ипсвич и со две промоции за две сезони успеа да го внесе тимот од третата лига во Премиер лигата.
Младиот тренер веќе има искуство во Манчестер јунајтед бидејќи од 2016 до 2018 веќе бил тренер на младинската екипа на Црвените ѓаволи, а со активно играње фудбал завршил во 2009 година, како фудбалер на Тотенхем, поради тешка повреда на колкот само на 22-годишна возраст.
„Зад нас е многу позитивна сезона, а нѐ чека светла иднина. Ова беа две неверојатни години, а кога ќе се случи такво нешто, логично е дека медиумите ќе пишуваат за моето заминување“, вели скромниот Меккина.
Пред почетокот на сезоната во Чемпионшип дивизијата ниту најголемите оптимисти не му даваа шанси на Ипсвич да се искачи во Премиер лигата, но екипата на крајот го освои второто место и следната сезона заслужено ќе биде дел од елитата.