Најбизарниот начин на кој пропадна трансферот на фудбалерот на Челзи

Белгискиот напаѓач Миши Батшуаји е еден од најголемите губитници во овој преоден рок. Фудбалерот кој во 2016 година стигна во Челзи и има договор до 2023 година најголмиот дел од овој период го помина во други клубови како позајмен играч.

Напаѓачот за кого беа платени 40 милиони евра за траннсфер од Олимпик Марсеј како позајмен играч настапуваше во Борусија Дортмунд, Валенсија, Кристал палас и Бешикташ, но ниту еден од овие клубови не сакаше да го откупи неговиот договор.

Летово се врати во Челзи и требаше повторно да биде даден на позајмица, и тоа во Нотингам форест. Двата клуба ги имаа договорено деталите и работата беше завршена, но сепак пропадна.

Двата клуба не успеаја навреме да ги испратат документите до Фудбалската федерација на Англија за да се комплетира овој трансфер, па Батшуаји во првиот дел од сезоната најверојатно нема да одигра ниту една минута ако се знае дека тренерот на Челзи, Томас Тухел, не го планира во тимот.

- Оглас -

Најнови вести