23.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Најбогатиот фудбалер во светот конечно најде место каде што може да игра добро

Фаик Болкијах стана популарен во светот на фудбалот не поради неговите игри, туку поради неговото богатство. Фаик е од султан-семејството Болкијах на Брунеи, кое поседува богатство од 19 милијарди евра, но тој едноставно сака да биде фудбалер.

Членот од семејството на Султанот беше дел од младинската школа на Челзи, а потоа играше и за младинските категории на Саутхемптон и Лестер, но никаде не се избори за место во првиот состав. Во 2020 година замина во Маритимо, но и таму не се снајде најдобро.

Сепак, Фаик не сакаше да се откаже и ја прифати понудата од Тајланд, каде што реши да се докаже. Потпиша за тимот на Чонбури и конечно доби шанса да се докаже. На последните пет меча имаше и три асистенции, а двапати беше прогласен за играч на мечот.

- Оглас -

Најнови вести