Најбогатиот и најдобар саудиски тим, елиминиран од азиската Лига на шампиони!

Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати е првиот финалист на азиската Лига на шампиони во фудбал, она што го најавија на првиот меч дома со победата од 4-2 против саудиски Ал Хилал, го потврдија вечерва, иако загубија со 1-2.

Најголемиот, најбогат и најсилен тим од Саудиска Арабија е во аут, веројатно уште повеќе ги боли што не можеа да сметаат на Нејмар и Александар Митровиќ, и што испаднаа од земја која им е ривал во неколку области.

Ал Аин предводен од тренерот Ернан Креспо, нема некои звучни имиња во составот, но откако ги елиминираа Ал Наср на Кристијано Роналдо и сега Ал Хилал, потврдија дека резултатите не се случајни.

Во финалето, Ал Аин ќе се сретне со корејски Улсан или јапонскиот тим Јокохама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести